Полицијата тресеше и во Штип - Има приведени

 

Полицијата изврши претрес во Штип, при што едно лице е приведено.

МВР информира дека во 11.10 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Ф.С.(44). При претрес во домот на штипјанецот, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага, пари во различни валути и апоени и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава.

 

09.04.2025 - 10:43

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега