Полицијата заплени 11 килограми опиум - приведен велешанец

 


Вчера во 16.00 часот, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од слобода З.К.(54) од Велес.

При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, била пронајдена и одземена темно кафеава грутчеста материја, за која по извршеното вештачење во Одделот за форензички испитувања било утврдено дека е опиум со нето маса од 11 килограми

. З.К. бил задржан во полициска станица, известен јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик.

07.02.2025 - 12:22

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега