Позната состојбата на повредените деца во Белград: Седум на операција, девојче се бори за живот

 

Осуммина се убиени, а најмалку осум други се повредени во пукањето што утринава се случи во основно училиште во Врачар, Белград, во кое седмооделенец пукал прво во училишниот чувар, а потоа и во своуте соученици, пренесува „Блиц“.

Првичните информации што редакцијата ги добила од терен кажуваат дека се повредени дваесетина луѓе.

„Кога стигнавме на терен, затекнавме осуммина повредени, а чуварот беше мртов. Четири деца се примени во Ургентниот центар и се во операциона сала, а едно девојче меѓу нив е во животнозагрозувачка состојба,“ велат од Брза помош за „Блиц“.

Според нив, уште три деца се сместени во Тиршова, едно дете е во критична состојба и е на операција со тешки повреди на главата. Другите две деца се на интензивна нега и имаат прострелни рани, главно на екстремитетите.

Ранета била и професорка по историја од училиштето, но нејзината состојба е засега непозната.

03.05.2023 - 11:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега