Премиерот и денеска фрли лопата: Се доградува градинка во Карбинци
Премиерот втор ден по ред фрла лопати за изградба на објекти, или поточно во денешниот случај доградба на градинка во Карбинци. Откако ќе завршат градежните работи во „Кокичиња“ ќе има место да се згрижат уште 50 дечиња.
„ Би сакал да изразам пофални зборови, исклучително пофални зборови за работата на градоначалникот овде во општина Карбинци, советниците, Советот, администрацијата кои што ја подржуваат неговата работа, се разбира Министерството за социјална политика, демографија и млади кое што еве е дел од овој проект. Со ова драматично ќе се подобрат во позитивна смисла условите за децата но и родителите нормално ќе можат да бидат спокојни бидејќи нивните дечиња ќе бидат згрижени. Капацитетот е колку што слушнавме околу 50тина дечиња, нешто што претставува додадена вредност овде во ова населено место во општина Карбинци“, изјави премиерот Мицкоски.
„И убеден сум дека и понатаму ќе продолжиме со реализација на проекти иако и досега овдека имаме навистина фуриозна имплементација на програмата којашто од страната на градоначалникот беше ветувана за време на локалните избори во 2021 година. Имаме нови проекти кои што ќе бидат финансирани од страна на Владата. Сега во јануари, февруари ќе се распишува и новиот повик за новите проекти, општина Карбинци од тоа што го дознав од градоначалникот ќе учествува со такви проекти, така што навистина можам да кажам дека се движат напред работите. Ќе треба можеби време, но мислам дека веќе постепено но сигурно надежта се враќа и како држава Македонија го добива она место кое што го заслужува“, додаде премиерот во изјавата за медиумите во Карбинци.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа