Продавал кокаин во киоск- после пет месеци албанската полиција му влегла во трага

 

Маж на возраст од 40 години е уапсен во Тирана бидејќи користел киоск за цигари за да продава кокаин.

По петмесечна истрага, албанската полиција откри дека тој продавал кокаин за 3.500 албански лека од доза (28,5 евра), пренесува порталот „Егзит“.

Како што се наведува, полицијата кај уапсеното лице запленила кокаин, пиштол, 42.000 лека (околу 342 евра), 8.730 евра, мотоцикал, автомобил и седум телефони.

Макфакс

06.07.2021 - 13:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега