Проект „света вода“: Црква стара 100 години ќе стане базен
Една напуштена верска зграда во холандскиот град Херлен наскоро ќе добие сосема нова намена – ќе прерасне во уникатно место за дружење и рекреација. Посетителите ќе имаат можност да пливаат на грб додека уживаат во погледот кон сводовите на црквата и нејзините впечатливи витражи.
Холандските архитектонски студија „МВРДВ“ и „Зек Архитектен“ ги открија плановите за трансформација на поранешната црква „Свети Франциск Асишки“, изградена во 1923 година и напуштена веќе две години. Проектот, наречен „Света вода“, предвидува поставување на базен во централниот дел од црквата, со иновативен, подвижен под што ќе овозможи просторот да се користи на повеќе начини
Базенот ќе може да се подигне или спушти, при што, кога е подигнат, подот ќе биде целосно затворен, а при благо исполнување со вода ќе се создаде илузија дека посетителите буквално „одат по вода“. Целта на проектот е да се оживее просторот, при што ќе се зачуваат и нагласат историските архитектонски вредности на објектот, притоа создавајќи ново мултифункционално средиште за локалната заедница.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа