Радев ќе го врачи третиот мандат за формирање Влада во Бугарија - ако не се формира, ќе има нови парламентарни избори
Бугарскиот претседател Румен Радев утре претпладне треба да и го додели мандатот за состав на нова влада на политичката партија „БСП за Бугарија”.
Првиот мандат беше доделен на ГЕРБ-СДС, но предложениот состав на Владата со кандидатот за премиер Николај Габровски не ја доби потребната поддршка во бугарскиот Парламент.
Вториот мандат Радев му го додели на кандидатот за премиер на политичката партија „Продолжување со промена”, Николај Денков, но и тој не доби поддршка во Парламентот за декларацијата со приоритетите.
Третиот мандат е последна можност за формирање Влада во најсиромашната земја во Европската унија. Доколку не се спроведе успешно, според Уставот, шефот на бугарската држава мора да распише нови парламентарни избори.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа