Рама ги обвини Русите: Протестите во Албанија се во нивни интерес
Албанскиот премиер Еди Рама кажа дека протестите во државата, кои се одржуваат веќе неколку дена, се во интерес на Русија.
Рама објасни дека војната и кризата не се проблем само за Украинците, туку и за сите во Европа, зашто растот на цените е последица на оваа криза.
„Русија го сака ова. Токму во земјите кои ја поддржуваат Украина има такви протести против растот на цените. Иако директните последици од војната ги трпат граѓаните на Украина, последиците од кризата ја погодуваат цела Европа, а протестите против европските влади се во функција на Москва“, кажа Рама пред граѓаните.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа