Ристески: ТИРЗ зоната во Прилеп има можност за развој

 
Директорот на ТИРЗ-зоните во Македонија Гоце Димовски со заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески денеска беше во посета на ТИРЗ- зоната кај Прилеп. Тој при увидот на работењето на компаниите во зоната најави проширување и можност за нови инвестиции.
-Целта на оваа посета е да имаме поотворен, поискрен и поблизок пристап до компаниите за изнаоѓање решение за нивните секојдневни предизвици. Како Влада настојуваме да најдеме решение за секоја компанија која работи во ТИРЗ-зоните да ја зголемат ефикасноста. Овде компаниите во прилепската ТИРЗ зона наскоро, најверојатно ќе ги обноват идните планови за отворање нови работни места и поголем извор од зоните, рече Димовски.

Во прилепската ТИРЗ-зона има три компании кои вработуваат над 3000 работници.

-Има заинтересирани компании кои сакаат да инвестираат во наредниот период, да отворат нови производствени единици, што ќе значи нови работни места и поголем извоз. И нема најава дека компаниите ќе ги намалуваат бројот на вработените или работењето. Напротив, во наредниот период компаниите ќе ги објават плановите за нови инвестиции, рече директорот на ТИРЗ.

Според Марјан Ристески, заменик-министер за економија, зоната во Прилеп има оптимални услови за развој.

-Имаме директни вработувања, а индиректниот бенефит за локалната и македонската економија е многу поголем, зашто многу повеќе од 3000 вработени егзистираат од зоната и отвораат можности за нови инвестирања, рече Ристески.

За прилепскиот градоначалник Борче Јовчески, за ТИРЗ- зоната кај Прилеп многу е битна изградбата на автопатот Прилеп- Битола.

-Изградбата на автопатот, кој е дел од коридорот 10 значи поврзување на земјава со другите земји и можност за привлекување инвестиции, рече Јовчески.

ТИРЗ- зоната во Прилеп опфаќа простор од 67,50 хектари со можност за проширување.

24.04.2025 - 18:17

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега