Русите го нападнаа Вучиќ: Ти си марионета и политичка проститутка

 

Србија на Главното собрание на Обединетите нации гласаше за осуда на Русија поради анексијата на четирите украински региони, Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје.

Рускиот водител Владимир Соловјов во последно време беше остар и кажа дека треба да се користи нуклеарно оружје и да се избрише Украина од лицето на земјата, а сега остро удри по Вучиќ.

„Србија гласаше против Русија во Обединетите нации, што значи дека Вучиќ е марионета, а се заколна дека нема да воведе санкции против Русија. Дијагнозата му е политичка проститутка“, напиша тој на Твитер, а пренесе „24сата.хр“.

14.10.2022 - 18:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега