Русите со објаснување за урнатиот дрон во Загреб

 

Руската новинска агенција „Тасс“ тврди дека авионот што синоќа се урна во Загреб, всушност, требало да лета за Крим, но скршнал од својот курс.

Од таму додаваат дека неодамна се регистрирани два случаја на употреба на дронот „ту-141“, едниот паднал во Загреб, а другиот во близина на градот Красноперекопска на Крим, открил извор за „Тасс“. Истиот извор објаснува дека овој дрон во суштина е мал млазен авион.

Според него, двата авиона биле лансирани од украинските сили на пробен лет за Крим, но еден од нив се свртел и полетал кон Хрватска.

Делови од друг „ту-141“ беа откриени од страна на руските граничари во 10.35 часот по локално време, на 8,5 километри од Красноперекопск на брегот на езерото Красноје.

„Пронајдени се фрагменти од крилото и трупот, податоци од рекордерот на летот и падобран за сопирање“, изјавил извор за „Тасс“.

11.03.2022 - 21:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега