Сајкоски: Донираме амбулантно возило за потребите на Општа болница - Кочани
Најнапред сакам да изразам жалење за трагедијата што се случи, тука во Кочани, и ја потресе цела Македонија. Сакам да изразам сочувство до семејствата на луѓето кои што загинаа во оваа трагедија. Да посакам што побрзо оздравување на оние кои што се во болниците и во Македонија и надвор од Македонија и сакам да порачам до граѓаните на Кочани, дека ВМРО-ДПМНЕ и Владата, цврсто стојат зад опоравувањето од овој шок којшто го доживуваат и граѓаните на Кочани, меѓутоа кој што го доживувaме и сите ние кои што живееме во Република Македонија, рече Ѓорѓија Сајкоски, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.
Сакам исто така, да изразам огромна благодарност за општествено одговорните компании ,,Аутомотив груп“, ,,Соникс“ и ,,Шпаркасе“, кои што денес за настанот за кој што сме собрани, донираа едно возило - амбулантно возило, за потребите на Општа болница - Кочани, кое што е опремено возило и кое што ќе помогне на жителите и од Кочани и од регионот да побрзо се транспортираат пациентите меѓутоа и да имаат квалитетна услуга. На сите жители на Кочани сакам да им порачам дека ние стоиме зад вас заеднички да ја пребродиме и оваа последна криза и шок, истакна Сајкоски.
Сајкоски ги повика и сите општествено одговорни компании, кои што сакаат да помогнат да донираат, отворени сме за соработка и да помогнеме и на Општата болница - Кочани, меѓутоа да помогнеме и на цел регион.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа