Санчез: Со признавање на Косово се прекршува меѓународното право

 

 

Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска во Тирана изјави дека признавањето на независноста на Косово е кршење на меѓународното право и рече дека Мадрид не може да го прифати.

„ Сметаме дека тоа е еднострано прогласување независност и мислиме дека тоа е кршење на меѓународното право, така што не можеме да го прифатиме. Тоа го велиме со сета почит што ја имаме кон албанскиот народ“, рече Санчез на заедничката прес-конференција со aлбанскиот премиер Еди Рама.

Шпанскиот премиер посочува дека е нормално да има несогласувања меѓу две пријателски земји како Шпанија и Албанија, но дека има несогласување околу признавањето на Косово.

01.08.2022 - 18:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега