СДСМ: Цените отидоа до плафон, Мицкоски мува не го лази

 

Цените продолжуваа да растат, народот им се помалку пари во џебовите.

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во ноември цените на производите се повисоки за 4 отсто а годишната инфлација е 4,3 отсто, повисока од претходно, реагираат од опозициската СДСМ.

„За една година најголемо поскапување од храната има кај зеленчукот од 15, 6 проценти, потоа кај млекото, сирењето, јајцата, кај безалкохолните пијалаци, кафето, чајот, какаото, месото. Кај дел од овие производи е забележано поскапување и во однос на месец октомври.Ова е најголем доказ дека власта на Мицкоски и ДПМНЕ водат погрешни екоономски политики додека граѓаните секојдневно се борат да врзат крај со крај.Цените  отидоа до плафот а Мицкоски мува не го лази“, стои во реакциите на СДСМ.

10.12.2024 - 18:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега