СДСМ: До каде е проширувањето на истрагата за Кочани со актуелни функционери и службеници?
Поминуваат тешки денови од страшната трагедија во Кочани, во која згаснаа 59 животи, а скоро 200 млади беа повредени. Додека Македонија сè уште тагува, досега истрагата се води селективно, oбвинува опозициската СДСМ.
Оттаму прашуваат: Зошто никој од актуелните функционери кои биле на должност и функција кога се случи страшната трагедија не се опфатени во истрагата?
-До каде е истрагата? До каде е најавеното проширување на истрагата со актуелни функционери и службеници? Молкот на институциите е загрижувачки. Истрагата мора да одговори за тоа: Кој е одговорен што се случил пожарот кобната ноќ кој однесе толку жртви? Кој е одговорен за пропустите на МВР, БЈБ, ДПИ, УЈП непосредно пред и за време на настанот? Одговори и одговорност наместо селективност, велат од СДСМ.
Обврска на државата, според СДСМ е да ја каже вистината, да обезбеди правда за жртвите и нивните семејства и да спречи ваква катастрофа да се повтори.
-Секој кој затаил и прекршил закон, мора да одговара. Без разлика на функцијата. Без калкулации. Без селективност, без заштита, буквално секој, се вели во допиост.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа