Се обидел да го подмити цариникот со 5 евра - Апсење на Табановце

 

Државјанин на Грција вчера бил уапсен на Табановце за давање поткуп.

МВР денеска информира дека во текот на вчерашниот ден, во 10.05 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода С.П.П.(40) од Република Грција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“ од член 358 став 1 од Кривичниот законик.

Имено, при гранична контрола, тој на увид дал документи за патничко возило „форд“ со германски национални ознаки, кое го управувал и во зелениот картон ставил банкнота од пет евра.

По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. 

09.04.2025 - 11:14

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега