Се преврте автобус во Турција - најмалку 15 загинати
Автобусот излетал од автопатот и се превртел во западна Турција, при што загинале 15 патници, објавија агенциите.
Единаесет патници загинале на лице место, а четворица починале во болница каде што биле пренесени.
Несреќата се случила во вчера во 4:40 часот наутро по локално време.17 лица се повредени и пренесени во пет околни болници, каде им е укажана лекарска помош.
Истрагата за несреќата е во тек.
09.08.2021 - 18:22
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа