Шумски пожар на вториот крак на Халкидики

 

Шумски пожар избувна во текот на ноќта во областа Партенон во општина Ситониа на вториот крак на Халкидики, а од рано утрово, засилените противпожарни служби од копно и воздух се справуваат со огнените јазици, јави дописничката на МИА од Атина.

 

Според локалните медиуми, пожарот не претставува закана за населените места и е ограничен.

 

Од противпожарната служба на Грција соопштија дека, утрово се зголеми бројот на противпожарните сили и вкупно интервенираат 105 пожарникари со седум пешадиски тимови, 28 возила, три авиони и еден хеликоптер, а помагаат и цистерни од општината.

03.07.2021 - 12:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега