Силен дожд предизвикал поплави на улиците во Солун

 

Солун бил зафатен од невреме што довело до големи поплави, а доказ за тоа, како што пишуваат грчките медиуми, биле фотографиите од улиците кои биле претворени во реки. Невремето довело и до прекин на електричната енергија, а Цивилната заштита издала предупредување до граѓаните.

Цивилната заштита претходно преку бројот 112 ги информирала жителите на Солун за претстојното невреме апелирајќи до граѓаните да го ограничат непотребното движење бидејќи временските појави ќе бидат интензивни, пренесува in.gr.

Цел тунел бил поплавен во Солун. Штети имало и во предградијата на Солун, во Переа. Штети биле забележани и на места на патот кон Халкидик, најмногу во Неа Каликратија. На тие места многу куќи претрпеле значителни поплави.

Пороен дожд и грмотевици се очекуваат од недела вечер до понеделник попладне во поголемиот дел од земјата, се наведува во написите.

Според итниот билтен на Националната метеоролошка служба, до понеделник попладне ќе има преодно влошување на времето со локално пороен дожд и невреме во северна и централна Грција, кое ќе биде придружено со грмежи, град и засилен налет на ветер.

Како што се наведува, невремето ќе ги зафати Тесалија, Споради и постепено северна Евија, Беотија и Фтиотис.

06.09.2022 - 09:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега