Силното невреме стаса до Ниш: Направи големи штети ширум Србијa

 


Силен дожд и ветар, проследени со грмотевици ја погодија Хрватска, а голем дел од територијата на Србја беше зафатен од силно невреме со поројни дождови и град.

Српските медиуми јавуваат за големи штети предизвикани од невремето, од уништени земјоделски посеви до оштетени фасади и покриви на куќи, и искршени стакла на автомобили.

На социјалните мрежи се споделува видео од невремето во село Угљарево кај Трстеник, на кое се гледа како паѓа град со големина на јајце.

Попладнево невремето во вид на пороен дожд стаса и во Ниш.

22.07.2023 - 21:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега