Со дрвени регистарски таблички се обидел да ја помине хрватската граница

 

 

На хрватскиот граничен премин „Стара Градишка“ вчера околу 18 часот, на излез од Хрватска, контролиран бил автомобил со босанско-херцеговски национални таблички и 25-годишен возач, државјанин на Швајцарија, соопшти тамошната полиција.

Информаците се дека полициските службеници се посомневале во автентичноста на регистарските таблички, па против 25-годишникот извршиле кривична истрага.

Утврдено било дека на 1. август, полицијата во Австрија ги одзела регистарските таблички поради техничка неисправност на возилото, додека не се отстрани дефектот. Тој до 4. август не ги исправил неправилностите на возилото, туку направил дрвени регистарски таблички на кои залепил хартија со пишана ознака за регистрација и тие ги користел како вистински.

„Полициски службеници го извлекле возилото од патот и ги одзеле регистарските таблички, а против 25-годишникот поднеле кривична пријава до Општинското државно правобранителство во Славонски Брод поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело фалсификување исправа“ соопшти полицијата.

05.08.2022 - 16:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега