Србија и Јужна Кореја потпишаа Протокол за соработка

 

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска се сретна со специјалниот пратеник на претседателот на Јужна Кореја, Сонгмин Џанг.

„Денеска го потпишавме Протоколот за соработка меѓу Република Србија и Република Кореја и разговаравме за зајакнување на сеопфатните билатерални, мултилатерални и економски односи, како и прашања од важност и интерес за двете страни“, напиша Вучиќ во објавата на Инстаграм.

 

Како што наведе, специјалниот пратеник Џанг на Вучиќ му врачил писмо од претседателот на Јужна Кореја, Јун Сук-Јол, во кое тој „изразил надеж дека оваа посета ќе даде нов поттик“ на соработката меѓу двете земји.

27.04.2023 - 23:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега