Србија: Се сруши висечки мост - две жени се удавија, едната се заплеткала во сајлите

 

Утрово околу 10 часот во Србија пукна висечки мост, а 20 лица паднаa во надојдена река. Несреќата се случи во близина на Јованскиот манастир во Овчарско-кабларската клисура.

Најмалку две лица загинаа, а според првичните информации неколку патници кои беа извлечени од Западна Морава не даваат знаци на живот.Според Телеграф, едната жена се заплеткала во мостот и се удавила. Повредени се 12 лица, од кои 11 се во болницата во Чачак.

Неофицијално се дознава дека две лица се во тешка состојба. Жртвите биле посетители од Република Српска.

 
13.10.2022 - 13:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега