Србија: Тројца убиени, напаѓачот повторно пукал во друго населено место
Најмалку тројца се убиени во престрелката која вечерва се случи со Младеновац во Србија, јавуваат српските медиуми.
Телеграф пишува дека меѓу загинетите е еден полицаец, неговата сестра, а повеќемина се ранети. Претходно локалните медиуми пишуваа дека седум луѓе се повредени во вооружениот напад, а се шпекулираше и за можно загинати.
Српски Телеграф пишува дека напаѓачот, за кој дел од медиумите веќе објавија дека станува збор за извесен У.М. на возраст од 21 година сѐ уште пука, овој пат во населеното место Шепшин.
Засега нема многу официјални информации за инцидентот, но српското Министерство за внатрешни работи соопштило дека станува збор за акција со кодно име Вихор и оти осомничениоет е во бегство.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа