Србин пронашол мртво бебе во замрзнувач

 

Што точно се случило за порталот Нова.рс раскажал маж од Земун, кој пронашол мртво бебе во кеса додека го чистел замрзнувачот. Телото на детето е пренесено на обдукција.

Зоран М.(62) вели дека му пукнал замрзнувачот и затоа го повикал мајсторот, кој му рекол да го одмрзне замрзнувачот.

„Вчера почнав да го чистам замрзнувачот, исфрлив сѐ од него. Меѓу кесите беше и она со телото на бебето“, изјавил Зоран за Нова.рс.

Зоран вели дека околу 15:00 часот гледал како напредува одмрзнувањето, а потоа следела страшна глетка.

"Видов кеса со крпа во неа. Прво помислив дека е леб. Кога ја отворив кесата, видов бебе. Почнав да одам во шок. Веднаш го повикав син ми и полицијата", вели земунецот.

Мажот нагласува дека не знае од каде телото на бебето стигнало во замрзнувачот и што се случило. Тој изјавил дека неговата сопруга го напуштила минатата година, а пристап до замрзнувачот имале само тој и таа.

„Не знаев дека има такво нешто во замрзнувачот, сè уште сум потресен. Не знам што да мислам за сето ова... Не знам што ќе правам ако е мое дете, “, изјавил 62-годишникот за Nova.rs.

Медиумите јавуваат дека во тек е потрага по сопругата на Зоран за да се провери дали има информации за случајот со починатото дете во замрзнувачот.

20.01.2023 - 22:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега