Српската пејачка го прекина настапот поради пиротехника - "Исклучете ги прскалките веднаш"
Српската пејачка Барбара Бобак настапи во Загреб на 28. март, а за време на нејзиниот настап беа вклучени прскалки.
Како што пренесуваат српските медиуми, Барбара го прекинала настапот и помеѓу стиховите на песните кои ги пеела рекла "Исклучете го ова", откако пиротехника предизвика огромен пожар во дискотеката Пулс во Кочани, и за жал загинаа 59 лица, а над 260 се повредени.
- Ужас. Тоа беше првото нешто што го прочитав кога се разбудив утрото на 16. март. Многу ми беше тешко, се се случило поради тие проклети огномети. Треба да се воведе Закон за забрана на пиротехника, рече српската пејачка по трагедијата во Македонија, за српски Блиц.
По трагедијата во Кочани беше прогласена седумдневна жалост во земјава, а Ден на жалост прогласи и Србија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа