Страшна трагедија во Турција: Загинаа најмалку 40 лица при експлозија во рудник
Најмалку 40 работници загинаа во експлозија во рудник за јаглен во северна Турција, потврди денеска турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу, јавува Анадолија.
– Имаме 40 мртви. Во болниците има 11 повредени, меѓу кои шест во градската болница Кам и Сакура, а тројца во државната болница Бартин, двајца во приватна болница. Еден повреден е пуштен од болниц“, изјави Сојлу, кој е на местото на несреќата.
Сојлу додаде дека 58 рудари од вкупно 110 биле спасени.
– Имаме неизвесност за еден од нашите рудари, потрагата и спасувањето моментално е во тек, додаде Сојлу.
Експлозијата се случи на 300 метри под земја во рудник за јаглен во црноморската крајбрежна провинција Бартин вчера во 18:15 часот по локално време.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа