Таткото на Фросина Кулакова: Добро организиран систем произведува длабоки неправди

 

Таткото на загинатата Фросина Кулакова на денешниот протест обвини дека правосудниот систем произведува неправди. Тоа, според него, длабоко ги погодува родителите и блиските на настраданите. 

Во изјава за медиумите за време на протестниот марш кој го организира семејството на Фросина, Тодор Кулаков рече дека секој што изгубил дете се соочува со добро организиран систем што тешко може да се нарече правосуден. 

-Произведува длабоки неправди, произведува голема дехуманизација на целото општество и произведува и стимулира нови и нови Васовци, рече тој, реферирајќи на правосудството.

Семејството на Фросина повика на протестен марш по пресудата од 12 години затвор за возачот Васил Јованов, кој на прешачки премин кај Универзална, возејќи пијан и со голема брзина ја уби 22-годишната Фросина. Семејството Кулакови казната ја сметаат за преблага.

14.05.2025 - 19:06

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега