Телеграм суспендиран во Бразил

 

Суд во Бразил денеска нареди суспензија на мрежата Телеграм низ целата држава, откако оваа платформа за пораки не им достави на властите информации за неонацистичките групи кои се активни на неа.

Информацијата ја споделија француските медиуми од извори во бразилската Влада и правосудството.

Како дел од истрагата „за неонацистички групи присутни на социјалните мрежи, (…) беше наредено суспендирање на Телеграм, со оглед дека оваа мрежа не одговори на барањата“, изјави на прес-конференција министерот за правда Флавио Дино.

02.05.2023 - 22:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега