Тетово: Двајца тинејџери претепале свој соученик пред кафич
Денеска (20 ноември) во 15.45 часот во СВРТетово било пријавено дека во угостителски објект пред средно училиште во Тетово бил нарушен јавниот ред и мир.
Веднаш е постапено по пријавата и утврдено е дека повеќе ученици во училиштето физички нападнале малолетник од с.Селце, ученик во истото средно училиште, кој поради здобиените повреди бил префрлен во ургентен центар Тетово за укажување на лекарска помош, додека полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода двајца од учесниците во нападот и тоа Е.Б.(18) и Л.Ц.(18) двајцата од с.Мала Речица, ученици во истото училиште. За настанот бил известен јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа