Трагедија во Струмица: Градежен работник паднал од објект и починал на лице место

 


Вчера околу 11.30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека при извршување градежни работи на објект на ул.„Братство- Единство“ во Струмица, З.Б.(60) од село Вешала, тетовско, паднал и од здобиените повреди починал на местото на настанот.

Лекар од Медицински центар Струмица констатирал смрт, а увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, инспектор од Државен трудов инспекторат и екипа на СВР Струмица.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.

13.12.2024 - 15:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега