Уапсен таткото на убиецот од Белград, оделе заедно на стрелиште

 

 

Уапсен е таткото на 14-годишникот, кој денес уби осум деца и еден чувар во основно училиште во Белград.

Српскиот министер Братислав Гашиќ на прес-конференција во Владата на Србија рече дека е уапсен и таткото на момчето.

„Двата пиштола, оној во ранецот и оној со кој е извршено ова кривично дело, биле во легална сопственост на таткото на момчето. Тврди дека биле заклучени во сеф, под шифра, има неколку оружја, регистрирани во 2016 и 2017 година, но очигледно детето имало шифра од сефот“.

Момчето често одело на стрелиште со својот татко, објави министерот.

Претходно, медиумите пишуваа дека родителот е познат радиолог во Србија.

Коста Кецмановиќ, кој го изврши масакрот во училиштето, самиот ја повикал полицијата во 8.42 часот и кажал дека ги убил учениците. Тој убиството го планирал еден месец и направил список на лицата што сакал да ги убие.

Србија прогласи тридневна жалост.

03.05.2023 - 14:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега