Уапсен вереникот на Милица Тодоровиќ, бил баран од Интерпол
Вереникот на пејачката Милица Тодоровиќ е приведен, јавија српските медиуми.
М.Б. е уапсен денеска откако Интерпол по него распишал налог за апсење.
Се огласи ПР тимот на популарната пејачка.
– Таа нема да коментира. Милица нема да коментира на оваа тема – соопшти нејзиниот ПР тим.
Инаку, М.Б. е приведен во елитната белградска населба, каде што живее со Милица.
Да потсетиме, јавноста неодамна ја дозна веста дека Милица Тодоровиќ се верила. Тодоровиќ се запознала и со семејството на нејзиниот вереник, бизнисмен од Хрватска.
13.02.2025 - 23:00
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа