Ужас: Малолетници со закани принудувале врснички полово да ги задоволуваат, за што поседувале и снимки, мајка пријавила во полиција

 

Двајца малолетници од Битола со закани принудувале врснички полово да ги задоволуваат, бидејќи поседувале компромитирачки материјал за нив. Ова го пријавила 37-годишна битолчанка во текот на вчерашниот ден во МВР.

„37- годишна жена од Битола пријавила дека двајца малолетници од Битола во неколку наврати со закана ги принудувале нејзината ќерка и нејзина другарка полово да ги задоволуваат за што поседувале и видео материјал“, велат кусо од МВР.

Во консултација со јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 
29.03.2025 - 13:18

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега