Вакцинираните Грци добиваат поголеми привилегии

 

Грција од денеска го укинува полицискиот час кој почнуваше секоја вечер во 1:30 и траеше до 05:30 часот.

Имунизираните добиваат повеќе привилегии од останатите. Па така, од нив нема да се бара да се тестираат еднаш неделно пред да одат на работа или во теретана ако поминале 15 дена од ревакцинацијата.

И угостителските објекти сега ќе работат по полабави мерки. На една маса ќе биде дозволено да седат до 10 луѓе, а на затворените прослави дозволено да присуствуваат до 300 лица.

На организираните плажи ќе бидат дозволени до 120 лица на 1.000 квадратни метри.

Дозволено е физичко присуство на работа на вработените во јавниот сектор кои припаѓаат на ранливите групи.

Во неделата, грчките здравствени власти пријавија 236 нови случаи на инфекција и 18 смртни случаи во изминатите 24 часа, објави весникот „Катимерини“. Од 23,815 извршени тестови, 0,99 биле позитивни, објави весникот.

28.06.2021 - 20:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега