(ВИДЕО) Директорот на црногорската полиција откри детали за убиството во Цетиње
Директорот на црногорската полиција, Зоран Брџанин се обрати до јавноста по убиството кое се случи во Цетиње, каде што животот го загубија 11 лица, меѓу кои и две деца.
„Според досега познатите околности, денеска околу 15.30 часот, 34-годишниот В.Б. од Цетиње пукал во семејство чии членови престојувале во неговите простории како потстанари во населбата Медовина. Тој во таа прилика со употреба на огнено оружје – ловечка пушка лишил од живот две деца на возраст од 8 и 11 години и ја ранил нивната мајка која во медицинска установа им подлегна на повредите. Потоа излегол и пукал од истото огнено оружје на жителите на оваа населба при што убил уште седум лица, а повредил шестмина. По пријава на граѓаните, на лице место тргнале полициски службеници, при што во размена на оган тешко е повреден еден полицаец“, кажа Брџанин.
Засега не е познато што го натерало В.Б. на ваков чин, при кој бил убиен, како што беше претходно објавено од медиумите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа