(ВИДЕО) Драматично во БиХ: Луѓе однесени од надојдени реки, политичар скокнал да спасува животи

 


Вистинската драма се одвивала во Тузла кога двајца полицајци и уште едно лице биле однесени од надојдената река, а по двете лица во тек е опсежна потрага, пишува „Аваз“.

Во поширокото подрачје на Тузла продолжува потрагата по две лица кои изгубиле контрола во коритото на реката Јала. Како што пренесува „Klix.ba“ од повеќе извори, станува збор за цивил и полицаец.

Според медиумот, пожарникари, итната помош и полицајци во координирана акција успеале да извлечат едно лице од коритото на реката во Тузла, а се работи за полицаец кој учествувал во потера.

Повредениот полицаец е пренесен во Универзитетскиот клинички центар во Тузла, додека надлежните служби се уште трагаат по неговиот колега и уште едно лице.

Овој случај ја вознемири тузланската јавност, а полициската управа на МВР на Т.К се уште официјално нема соопштено за инцидентот.

Според написите, пратеник во Собранието на кантонот Тузла, скокнал во надојдената река во Тузла за да се обиде да ги спаси полицајците и цивилите кои паднале во реката.

Од Министерството за внатрешни работи и врски за „Аваз“ велат дека засега не можат да дадат информации и дека состојбата е сериозна.

27.03.2025 - 15:10

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега