(Видео) Исповед на турист евакуиран од пожарите на Родос: „Бегството оттаму беше како да е крај на светот“

 

 

Екстремните горештини предизвикаа бројни пожари низ регионот, а делови од островот Родос горат веќе петти ден. На грчките пожарникари им помагаат и екипи од Словачка.

Неколку локации на истокот од островот беа евакуирани, вклучително и три приморски одморалишта. Во саботата околу 2.000 туристи почнаа да се евакуираат од Киотари и Лардос на југоисточниот дел на островот.

Иан Мурисон, од Лондон, престојувал во областа Киотари на Родос кога забележал темни облаци како минуваат над неговиот хотел додека тој вечерал во четвртокот навечер. Два дена подоцна, Мурисон рече дека појадувал на плажа кога повторно го забележал портокаловото небо.

„Забележавме дека морето почна да поцрнува од саѓи, а врз луѓето паѓаше пепел. Можам само да го опишам како речиси филмско искуство каде што сите гледаат во небото бидејќи доби многу чудна портокалова боја, а сите само гледаат наоколу и прашуваат „што се случува?“ – изјави тој за Скај њуз од спасувачкиот брод.

Мурисон додаде дека само 100 од околу 1.200 луѓе успеале да се качат во автобусите за евакуација, а другите морале да пешачат по жешкото време околу пет километри.

Бегството од пожарот на Родос беше како да е „крајот на светот“, вели британски турист за Скај њуз.

23.07.2023 - 11:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега