ВИДЕО: Кучето робот Спот бара преживеани во урнатата гаража во Њујорк
Куче робот се движи меѓу урнатините од катната гаража во Њујорк со цел да пронајде преживеани, но и да го процени уривањето, во кое загина еден работник, а повредени се пет лица.
Кучето по име Спот се користи наместо пожарникарите откога спасувачката акција беше проценета како ризична.
„Фала му на бога што имаме куче робот што може да влезе во зградата. Идеално е затоа што не мораме да испраќаме човечко суштество во зграда која е нестабилна“, изјави градоначалникот Ерик Адамс.
Вредноста на роботот е речиси 75.000 долари.
Спот е тежок 30-ина килограми, а е создаден од „Бостон динамикс“.
The @FDNY robot dog on the scene. #fidi #garagecollapse pic.twitter.com/JAHc3abVsD
— DaDa Rocks! (@dadarocks) April 18, 2023
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа