(Видео) Порака од протестот во Подгорица: Црна Гора не е, и никогаш нема да биде на продажба
Неколку илјади граѓани се собраа пред Собранието на Црна Гора на третиот протест на движењето „Има нас“
Бараат повлекување на измените на Законот за претседател, деблокирање на Уставниот суд, како и итни вонредни парламентарни избори.
Од протестот беше најавено дека се бараат вонредни парламентарни избори. Говорниците порачаа дека Црна Гора не е и никогаш нема да биде на продажба.
На премиерот во техничкиот мандат му беше испратена порака – дека Црна Гора ќе влезе во ЕУ, а не во фантомскиот „српски свет“.
По мирниот граѓански протест се одржа протестна прошетка.
„Вечерва се собраа граѓани од сите вери и нации. Ние немаме резервна држава. Нашиот вечен дом е Црна Гора. Црна Гора не е и никогаш нема да биде на продажба. Ќе нè има уште повеќе да ја браниме секоја педа од нашата Црна Гора. Не сакаме ниту синџири ниту катанци!“, изјави функционерот на ДПС Нермин Абдиќ.
Da je vječna Crna Gora! pic.twitter.com/Ch2AYT03OI
— Predrag Bošković (@pedjabosskovic) November 28, 2022
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа