(ВИДЕО) Се огласи сопственикот на ноќниот клуб во кој падна покривот: Тоа што се случи е поразително за сите

 


Сопственикот на клубот „Џет сет“, каде што најмалку 98 лица загинаа откако се урна покривот за време на настапот на познат пејач, во солзи проговори за трагедијата.

Бизнисменот Антонио Еспаилат, чие семејство е сопственик на најпознатиот клуб во Доминиканската Република повеќе од 50 години, рече дека е бескрајно тажен поради се што се случило и рече дека тагува со семејствата на жртвите и повредените.

„Денеска сакаме да им се обратиме пред се на семејствата погодени од трагедијата што се случи синоќа во „Џет Сет“. Нема доволно зборови да ја искажеме болката предизвикана од овој настан. Тоа што се случи е поразително за сите. Сакаме да знаете дека сме со вас, дека ја споделуваме вашата болка“, рече бизнисменот во видеото што го сподели на официјалниот профил на клубот на Инстаграм.

Сопственикот на клубот „Џет Сет“ тврди дека клубот од самиот почеток целосно соработувал со властите.

„До вас, мајки, татковци, браќа и сестри, деца и најблиски на погодените: можете да сметате на нас. Сè што правиме сега, секоја одлука, секој чекор има една цел: да сочувствуваме со вашата болка и да бидеме со вас“, рече сопственикот на клубот „Џет Сет“.

Тој им се заблагодари и на спасувачите кои неуморно ги пребаруваат урнатините со надеж дека ќе најдат преживеани.

Да потсетиме дека трагедијата се случи за време на настапот на познатиот пејач на меренге Рубио Перез. Наводно, во клубот имало повеќе од 1.000 луѓе. Гостите уживаа во настапот на Перез, кога наеднаш покривот се урнал врз нив. Ова го снимиле и камерите на поединци.

Инаку, тоа е најпознатиот клуб во Доминиканската Република, кој функционира повеќе од 50 години. Клубот е реновиран двапати, последен пат во 2015 година.

Што предизвикало уривање на дел од покривот засега не е познато.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by JetSet Club (@jetsetclubrd)

09.04.2025 - 08:57

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега