ВИДЕО: Во багажникот носел 9 пакети дрога- Српската полиција заплени 80 килограми марихуана

 

Полицијата во Србија заплени 80 килограми марихуана и објави видео од апсењето на 37-годишниот М.Р. кој е осомничен за неовластено производство и дистрибуција на наркотици.

Српската полиција го уапсила 37-годишникот на автопатот меѓу Белград и Ниш во близина на наплатна рампа кај Врчин. Тој бил фатен во бел автомобил „бе-ем-ве“, а во багажникот биле пронајдени девет пакети марихуана.

Вкупно, пакетите тежеле околу 80 килограми.

Макфакс

06.07.2021 - 11:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега