(ВИДЕО) Застрашувачки снимки од хотелот на Родос пред и по пожарот: Пожарот го парализира островот, температурите продолжуваат да беснеат

 

 

Илјадници туристи на Родос беа принудени да го скратат одморот на застрашувачки начин и во моментот се обидуваат да се вратат дома бидејќи огромен пожар го пустоши островот. Тоа ја предизвика најголемата евакуација досега во Грција.

На социјалните мрежи беа објавени видеа на кои се гледа хотел пред и по пожарот.

Додека чекаат превоз до дома, цели семејства се принудени втора ноќ по ред да ја поминат на аеродром и во спортски сали. Отежнувачки околности се температурите кои достигнуваат до 45 степени Целзиусови.

Социјалните мрежи се преплавени со видеа од шокантни моменти кои туристите и локалните жители ги доживеале на островот во последните неколку дена, пишува „Прототема“.

Седум дена по избувнувањето на првиот пожар, Родос се уште гори, а пожарот се проширил и на источниот дел на островот.

 

@k_urdo4 #rhodos2023 #friends #lindosimperialhotel ♬ original sound - K_urdo4

@k_urdo4

#

♬ original sound - K_urdo4

24.07.2023 - 11:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега