ВИДЕО: Жена од Подгорица објави снимка од свадба во игралиште - сватовите и невестата вртат оро покрај кошот
Жена од Подгорица снимила свадба која се одржувала од 16:30 часот попладне во 01:00 часот по полноќ на игралиште во близина на куќи, па јавно се пожалила.
Снимката ја објавила на Фејсбук страницата Подгорички времеплов .
-Милион повици беа упатени кон МВР, Комуналната полиција и Комуналната инспекција. Сите ја префрлаа топката еден на друг, МВР е задолжен ако се убијат, Комуналната полиција „ако има бука во локали“, додава таа и прашува што ќе беше доколку имаше деца или утре мораше да оди на работа.
12.08.2021 - 18:11
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа