Влошена е состојбата кај двајца критични пациенти кои се лекуваат по пожарот

 

Влошена е состојбата кај двајца пациенти кои се лекуваат по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Вкупно четворица се во критична состојба.

Министерот за здравство, Арбен Таравари информираше  дека се’ уште има и интубирани пациенти во тешка, но не и животно загрижувачка состојба.

Одлична вест е тоа што денес ќе бидат пуштени дома пет пациенти од хоспитализираните 21 во Скопје. Во странство се лекуваат 89 пациенти, а двајца се враќаат денес од Литванија и Шведска. Како и со претходните пациенти кои се вратија од странство, и тие, првин ќе бидат прегледани на скопските клиники, задржани 24 часа, па пуштени дома.

 
29.03.2025 - 15:23

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега