ВМРО-ДПМНЕ: Дволичноста на СДС е доказ дека сакаат селективна правда
СДС се дволична партија и секојдневно докажуваат дека сакаат селективна правда. Тие секогаш се навикнати за едни да бидат мајка, а за други маќеа, обвинуваат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
-СДС сè уште не смогна сили да се огради од мали Фрчко и да побараат истрага од институциите. СДС продолжува да молчи и со тоа да го брани Јон Фрчковски, кој видовме од фотографии на социјалните мрежи, како шмрка кокаин на маса. Дали СДС и Венко Филипче со своето молчење го оправдува однесувањето на Јон Фрчковски и дали СДС и Венко сметаат дека Јон треба да одговара?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму повикуваат надлежните институции да го разгледаат случајот.
-Дали СДС и Венко Филипче, ќе побараат одговорност за нивниот партиски миленик, кој се гледа од фотографиите како шмрка кокаин на работно место. Исто така, надлежните институции треба да постапат веднаш и да проверат кога Јон го користел кокаинот, дали кога бил помошник директор во ПУИГ или кога бил на партиска функција во СДС? Се поставуваат и други прашања, дали тој сам ја користел дрогата, дали ја користел на работно место во ПУИГ, од каде ја купил дрогата, дали можеби и тој продавал кокаин и дали таа влијаела во носењето на одлуки во ПУИГ? СДС и Венко Филипче веќе неколку денови молчат по ова прашање. Ниту побараа одговорност, ниту го осудија шмркањето на Јон Фрчковски. Системот мора да го промениме сите заедно, а не да продолжиме како до сега. Одговорност мора да има, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа