ВМРО-ДПМНЕ: СДС без компас, тотално се изгубија на политичката мапа

 

СДС без компас, прво Филипче вчера направи целосна утка на прес конференција а потоа за да се извлече СДС пушти соопштение со снимка стара две години која всушност беше критика на патлиџан дипломатијата на СДС. СДС тотално се изгуби на политичката мапа па почнаа да прават последователни грешки. Додека беа власт СДС водеше погрешни политики но и како опозиција продолжија со „како и до сега“ со грешни пресови и грешни соопштенија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во СДС целосно конфузни, неинформирани и надвор од политичките текови. Венко Филипче во текот на вчерашниот ден одржа прес конференција и кажа низа глупости и се излета во јавноста со погрешни изјави и заклучоци. Филипче или е грешно информиран од советниците или манипулира. Филипче не знае како и зошто гласала Македонија во Обединетите нации а држи прес конференции за тоа.

Тоа што Филипче не го знае и што е единствена вистина е дека Македонија и САД гласаа едногласно. Односно исто како и САД, Македонија гласаше воздржано за резолуцијата откако претходно беа прифатени амандмани кои не беа на линија со резолуцијата која беше коспонзорирана и произведена од нашиот стратешки партнер САД. За да го извлечат Филипче од тотално погрешната прес конференција, слабиот пи-ар на Филипче се навлече на уште поголем лапсус и лажни вести.

СДС збунета пушти соопштение со видео снимка, интервју од Викторија Трајков старо 2 години кое е критика на нивната патлиџан дипломатија од пред 2 години, и се обиде да го спинува како денешно. СДС се толку безнадежни и немоќни што се послужија со интервју старо 2 години за да прават спин, испомешаа и време и место и на крај го повлекоа соопштението. Во конкретното интервју се зборува за дипломатијата на СДС и посетата на Димитар Ковачевски, а не за дипломатијата на владата на ВМРО-ДПМНЕ, што е огромен пропуст на СДС и нивниот пи-ар. Време е СДС да се фокусираат и да бидат во тек со политичките настани. На Македонија и е потребна консолидирана опозиција, тврдат од партијата.

27.02.2025 - 09:10

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега