Внимателно возете: Се чистат одрони на патот Делчево – Пехчево – Берово
Македонија пат информира дека поради зголемен број одрони на патот Делчево – Пехчево – Берово, екипи на претпријатието вечерва работат на нивно чистење.
Одроните се најизразени на одредени делници кај селата Тработивиште и Истевник, заради што апелираа на внимателно возење на регионалниот пат.
„Апелираме на претпазливо возење и почитување на сообраќајната сигнализација. Екипите остануваат на терен до целосно отстранување на одроните“, информираа од Македонија пат.
Претходно одрони се чистеа и на магистралата А3, која е дел од патот Делчево – Македонска Каменица – Кочани.
28.03.2025 - 21:45
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа