Во странство 44 пациенти од пожарот во Кочани - Една пациентка се враќа утре
Во странство се лекуваат 44 повредени од пожарот од Кочани, информираше денеска во Куманово, министерот за здравство Арбен Таравари.
Таравари посочи дека една пациентка ќе се врати утре, пациентите се во стабилна состојба, а останатите од 193 се лекуваат во домашни услови.
- Сега се потешките случаи 43. Се надевам дека ќе им обезбедиме најдобра можна рехабилитација којашто ќе биде некои месец-два. Кај околу 40 пациенти тоа ќе трае шест месеци до две години. Тоа е направена анализа од експерти од Велика Британија кои имаат огромно искуство со вакви повреди кај пациентите, изјави министерот Таравари.
Тој соопшти дека се размислува потешките случаи да продолжат да се лекуваат надвор од државата, се со цел за да го продолжат животот поквалитетно по нивното враќање во земјава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа