Вонредна прес конференција утре во Крива Паланка – при пукање на цевка истекле тешки метали во реката
Општина Крива Паланка за утре свика вонредна прес-конференција на која ќе ја потврди хаваријата во рудникот „Тораница-Булмак“, поради која во Крива Река истекла опасна течност што содржи цијанид. Според првичните анализи, загадувањето може да има долготрајни последици и врз земјоделските површини во соседната општина Ранковце.
Инцидентот се случил на 14 март, кога пукнала цевка од флотацискиот дел на рудникот, а реката добила сива боја, што предизвика загриженост кај еко-активистите. Анализите покажуваат присуство на тешки метали, како олово, арсен и цијанид, што претставува сериозна закана по здравјето на граѓаните и животната средина.
Локалните власти најавуваат преземање мерки за санирање на последиците и одговорност од надлежните.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа